Има прекрасно тело и лице на ангел, а заради неа раскинаа Џеј Ло и Алекс

Реалити ѕвездата Медисон Ле Крој (31) е наводно главниот виновник за раскинувањето на Џенифер Лопез (51) и Алекс Родригез (45).

Имено, фановите сè уште со неверување ја коментираат веста за ненадејното раскинување на врската помеѓу парот, но и нивната свадба што заради пандемијата беше одложена.

Врската помеѓу латино ѕвездата и поранешниот бејзбол играч наводно е завршена пред неколку дена, потврдил извор близок до парот.

Според странските медиуми, наводно старлетата и ријалити ѕвезда наводно пред неколку месеци потпишала договор за доверливост со Алекс, но информациите излегле на виделина.

Нејзина колешка од реалното шоу ја откри оваа информација за „US Weekly“.

Медисон пак пред медиумите признала дека разговарала со Алекс, но дека помеѓу нив не се случило ништо и нивната врска е платонска.

Патем, за Медисон се вели дека има лице на ангел и пеколно добро тело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e