Игор Џамбазов за Тоше: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…

Денеска се навшуваат тринаесет години откако Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Тоше беше пример за сите, тој беше човек од кој секој можеше да научи по нешто хумано и човечко.

За жал, Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил сподели разочарувачки статус: Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него…


View this post on Instagram

Тоше…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Како и во изминатите години, во чест на Тоше ќе трчаат десет маратонци и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Гумење. Поради пандемијата годинава маратонот се одржува на територијата на нашата држава – од преминот Табановце, преку Скопје до Крушево. Двајца претставници на маратонците ќе истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму ќе положат цвеќе во спомен на Тоше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e