Глупав сум, ама не до толку да користам кокаин пред камера, вели фронтменот на „Манескин“

По победата на Италија на Евровизија, почнаа да кружат обвинувања дека фронтменот на групата „Манескин“, Дамијано Давид конзумирал кокаин пред камерата, а видеото, кое не покажува јасно што се случува, ги преплави социјалните мрежи.

Дамијано веднаш ги негираше обвинувањата и соопшти дека ќе биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанци. По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија.

-Никогаш во животот не сум користел кокаин и сигурно нема да почнам за време на директен пренос пред цела Европа. И тоа, пред камера што е насочена кон моето лице?! Тоа е затоа што сум глупав? Да, но не до толку, рече Дамијано.

Организаторите на престижниот „Избор на песна на Евровизија“, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки. Тие истакнуваат дека самиот Дамијано побарал тест за дрога, што беше направено денес, а резултатите беа негативни.

– Во „Зелената соба“ не се користеше никаква дрога и веруваме дека случајот е затворен. Вознемирени сме затоа што шпекулациите што доведоа до лажни вести го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот. Би сакале уште еднаш да и честитаме на групата Манескин и да им посакаме голем успех – стои во официјалното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e