ГИ НЕМА МЕГАН И ХАРИ: Нова Божикна честитка на кралицата Елизабета (ФОТО)

Кралицата Елизабета сними нова Новогодишна и Божикна честитка, а она што веднаш го забележаа сите е дена на нејзиното биро нема фотографија од Меган и Хари.

Оваа година за кралското семејство беше прилично тензична, особено поради тоа што Меган не успева целосно да се прилагоди на кралскиот протокол, односите меѓу браќата Вилијам и Хари се затегнати, принцот Филип е во болница, а принцот Ендрју беше дел од скандали.

Секоја година, на бирото од каде ги снима честитките, покрај неа стојат неколку фотографии од семејството, кои индиректно раскажуваат приказни за изминатата година.

кралица меган хари

Оваа година на нејзиното биро може да се забележат слики од Чарлс и Камила, од принцот Филип, од семејството на Кејт и Вилијам, од нејзиниот татко кралот Џорџ, но нема ниту една со Меган, Хари и Арчи.

Војводата и војвотката од Сасекс оваа година го добија својот прв син, Арчи. Тие објавија своја празнична честитка, на која во фокусот е токму малиот Арчи.

Воодушевија со честитка: Погледот на Арчи ги разнежни обожавателите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e