Фустанот на Меган е најпопуларна венчаница на деценијата

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се најде на врвот на листата на која можат да се видат и Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, како и повеќе селебрити-личности како Хејли Бибер и Аријана Гранде, на илјадници месечни пребарувања во Велика Британија.

Обвиткана со тајност до големото откривање, венчаницата на војвотката од Сасекс предизвика голема возбуда кога за прв пат беше видена од светот на 19 мај 2018 година. Дизајн на Клер Вајт Келер од модната куќа „Живанши“, елегантната тоалета привлече толку многу внимание што сега е наречена најпопуларна венчаница во последната деценија, според ново истражување.

Истражувањето спроведено од експертите за подароци Find Me A Gift го анализираше обемот на пребарување на интернет за голем број славни невестински фустани. Со оглед на раскошот, церемонијата и возбудата што ја опкружуваат кралската венчавка, не е изненадување што војвотката од Сасекс и војвотката од Кембриџ лесно ги освоија првите две места – близок резултат со 21.900 и 21.500 просечни месечни пребарувања во Обединетото Кралство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e