(ФОТОГАЛЕРИЈА) Рај за женските очи: Милош Биковиќ прослави роденден!

Актерот Милош Биковиќ вчера го прослави роденденот и по тој повод сподели фотографија на Инстаграм со бројот 33 пред него, токму колку што полни години, а набргу следеа и првите честитки.

– Нема да пишувам никакви мудри зборови. Сè е добро. Благодарен сум за сè – порача актерот, а прва што му честиташе беше пејачката Милица Тодоровиќ, која да потсетиме, додека беше во врска со Петар Стругар, изјави дека Биковиќ и е антипатичен и дека и делува арогантно, но се чини дека тоа мислење го променила, а потоа следеше честитка и од пејачката Јелена Јевремовиќ.

– Драг Милоше, се верува дека големите луѓе се раѓаат и го напуштаат овој свет на големи датуми. Токму како денес, во пресрет на православната Нова година … Татко ми Мики одлета да пее со ангелите на овој ден, пред 4 години. Токму на тој ден, истиот овој свет бил обоен со нови бои, тогаш, кога ти го разубаве со своето доаѓање пред 33 години. Ти, чудо едно. Нека ти се среќни Исусовите години и вечно нека те следи среќа! Да си жив! – му порача пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e