(ФОТОГАЛЕРИЈА) Кимберли Гарнер е новата „најатрактивна жена на планетата“

На социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 500 илјади луѓе, а секоја нејзина објава предизвикува лавина од коментари.

Кимберли Гарнер (30), која е познат модел, реалити ѕвезда и инфлуенсерка, непрекинато го привлекува вниманието со својот атрактивен изглед.

Атрактивната Британка позната е како една од најпознатите дами на јавната сцена.

Со тренинзите и балансираната исхрана успеала својата фигура на тело да ја доведе до совршена, а како и многу од своите колешки и Кимберли имала неколку корекции на телото.

Странските медиуми пишуваа дека направила естетска корекција на градите, го оперирала носот, ја зголемила устата и користела ботокс, но многумина се согласни дека сè коригирала во границите на нормала и благодарение на тие мали „поправки“ ја заслужува титулата најатрактивна девојка на светот.

Таа исто така е популарна и на социјалните мрежи, а секоја нејзина објава привлекува големо внимание.


Нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотографии на кои таа ја истакнува својата витка фигура, а под секоја објава се наоѓаат многу комплименти, како од мажите така и од жените.

На нејзиниот шарм речиси никој не може да одолее, а како што сама признала добива и неверојатни понуди. Мажите, како што вели таа, поради неа се подготвени речиси на сè.


Дали Кимберли може навистина да ја понесе титулата најатрактивна жена на светот?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e