(ФОТОГАЛЕРИЈА) Јана Бурче отворено за фигурата, љубовта и мајчинството

Девојката која македонската јавност ја запозна по учеството на „Македонски Идол“. Но, дефинитивно Европа ја запамети по јавното запросување на нејзиниот сегашен сопруг Александар кога Јана Бурческа во 2017 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Украина со песната „Dance Alone“. Денес Јана имаме можност да ја гледаме како дел од водителскиот тим на емисијата „Стисни Плеј“ на Македонската Радио Телевизија. За тоа колку предности и мани има професијата, но и за тоа како се снаоѓа во улогата на мајка прочитајте во продолжение….

Најголема предност од професијата со која се занимавате?
Постои ли поголема предност од уживањето во природата на обврските поврзани со работата? Можам да кажам дека при работењето ги обединувам двете нешта кои од детството ми биле особено значајни, а тоа се добрата музика и прецизниот и добро стилизиран збор и израз. 🙂

А мана?
Мани понекогаш има и тоа е супер, затоа што токму тие се вистинскиот предизвик и благодарение на нив усовршуваме нови начини за нивното надминување и тоа не прави поумни од вчера, што според мене, во големата слика, е најважно. 🙂

Вашата професија е јавна, па имате ли доволно време да се посветите на мајчинството?

Ми се чини неизбежно да се спомне пандемијата оваа измината година, па во овој контекст би рекла дека и пред и по неа успевам да балансирам, благодарение на добрата соработка и разбирање со менаџментот на телевизијата, колегите, но и личната организација на времето.

Тешко ли беше да си ја вратите одличната физичка линија после породувањето?
Најпрво ви благодарам на комплиментот, но морам да бидам искрена и да кажам дека свесно и активно не сум направила многу за да го доведам своето тело во некоја форма, па морам да бидам и многу благодарна на природата и генетиката, претпоставувам. 🙂

Како ги добија имињата вашите деца?
Дона е крстена по една од нејзините баби, а Дарин го доби името по моја желба, има персиско потекло, а етимолошки значење е дар или вода сред пустина.

Што ве прави горда мајка?
Здраво, среќно и автентично семејство, отворена комуникација и добар хумор. Па и тоа колку е умна Дона кога одиме на доктор. 🙂

Што ве прави среќна и исполнета ?
Горенаведеното плус малите работи како вистинската песна во вистинскиот момент, сончев ден, градот и природата под снежна покривка…кога ќе ми кажат дека Дарин личи на мене. 🙂

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?
Има многу, но еве би го издвоила патувањето во Тел Авив како дел од прес тимот на македонската евровизиска делегација во 2019тата.

Омилено телевизиско лице?
Игор Џамбазов, безвременски шоумен, мултиталентиран, забавен и секогаш мудар. Ќе ја спомнев и Александра Јовановска, но знам дека ќе ме кара. 🙂

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?
Од каде да почнам? Еве на пример со години размислувам да направам промена со бојата на косата. Можете слободно да заклучите дека сум тешка туфкаџика.


Која лоша навика сте успеале да ја победите?
Грицкање нокти.


Што најмногу ви недостасува во ова време на пандемија?
Дружба, раат и плажа.
Извор: Гламур

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e