Жељко Ражнатовиќ, синот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ, на 3 ноември наполни пет месеци. За овој јубилеј, баба Цеца Ражнатовиќ сподели две емотивни фотографии.
На нив се синот и внукот на ѕвездата, Вељко и Жељко. Имено, младиот боксер го држи во прегратки својот наследник, а овој момент го уловила Цеца.
„Моите двајца лепотани… Векс и Жекс“ – напиша пејачката.
Фотографиите ги разнежнија обожавателите на Цеца.