(ФОТО) Ветено, сторено: Тамара Тодевска ја истетовира спорната строфа од химната

Македонската пејачка Тамара Тодевска пред камерите за естрадниот магазин Бекстејџ зборуваше на темата за која беше критикувана најмногу, а тоа е грешката која ја направи при изведувањето на химната, и откри на каков начин решила да ја исправи, Еднаш – засекогаш! За како што вели, повеќе да не ја боли што ја „мразат“ без причина.

Во интервјуто за Бекстејџ таа кажа дека ќе ја истетовира химната, баш оној дел кој што го згреши, затоа што не сака да ја мразат без причина.

Тамара ветеното го стори односно таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија со јавноста на која може да се забележи дека ја истетовирала згрешената строфа од химната.


View this post on Instagram

Ветено, сторено ❤🇲🇰

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

„Ветено, сторено“, напиша Тодевска под објавата, а бројните коментари од фановите беа неизоставен дел од објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e