(ФОТО) “Вака изгледа ќерката на ѓаволот“: Меган Фокс се враќа на големите екрани со нов имиџ

Меган Фокс ја бојадисала косата во сива боја за потребите на снимањето на филмот “Johnny & Clyde”, а многумина сметаат дека наликува на Ким Кардашијан.


View this post on Instagram

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

“Вака изгледа ќерката на ѓаволот, #JohnnyAndClyde пристигнува на пролет 2022”, напишала во описот на фотографијата.

Во филмот се обработува модерната верзија од приказната на Бони и Клајд, славниот гангстерски пар кој разорувал во Америка во текот на триесеттите години на минатиот век. Фокс ја глуми мафијашката, Алана, а Тајсон Ритер го глуми нејзиниот партнер со кој успешно управуваат со казино.

Нејзините обожаватели забележале дека сега наликува на Ким Кардашијан додека имала слична боја на кожа.

“Стана дел од семејството на Кардашијан”, бил еден од коментарите.

Откако направила долга пауза од светот на Холивуд, Фокс се враќа на големите екрани. Покрај овој филм, таа работи на уште два проекти: “Expendables 4” и “Big Gold Brick”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e