(ФОТО) Вака Гоќовиќ му го честиташе 6. роденден на својот син!

По повод шестиот роденден на својот син Стефан, Јелена и Новак одлучија годинава, поради пандемијата на коронавирусот, да не организираат голема прослава. Бидејќи семејството во моментов се наоѓа во Србија, роднеденот ќе го прослават во кругот на семејството, без помпа, но со торта, голем број слатки и подароци.

Новак му упати емотивна честитка на својот син преку Инстаграм, со која објави фотографија која јавноста досега немаше можност да ја види.

„Среќен роднеден, хероју мој. Ти благодарам што ни носиш безгранична љубов во животите и што не’ потсетуваш секој ден да работиме на себе и да бидеме што е можно подобри луѓе и родители. Те сакаме“, напиша гордиот татко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e