(ФОТО) Тијана Дапчевиќ непропознатлива: Ослабена и со нов свеж имиџ

Балканската ѕвезда Тијана Дапчевиќ објави фотографија на нејзниот инстаграм-профил, на која може да се забележи дека пејачката и актерка е во топ форма, а има и нова фризура, па доби бројни комплименти за новиот изглед.

Тијана е препознатлива по нејзината кратка коса и може да се каже дека е нејзин заштитен знак, па затоа сега изненади со долгиот реп со виолетови тонови. Таа беше на диета со која успеа да изгуби повеќе килограми, па затоа некои од фановите и напишаа дека „толку ослабела што дури е во ‘минус’“, но и дека никогаш не изгледала подобро.

Меѓу бројните коментари пофалби пристигнаа и од Каролина Гочева и Миа Костова.
Инаку, Тијана неодамна изјави дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e