(ФОТО) Тамара емотивна – Сподели необјавена фотографија од Влатко Илиевски

Поминаа две години од смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски, но болката кај неговите најблиски и пријателите не стивнува.

Пејачката Тамара Тодевска, која беше негова најдобра пријателка сподели фотографија од него и нејзината ќерка Хана кога била бебе.

„Посакувам да беше тука, ми недостигаш“, пишува во описот на фотографијата како од насловот не познатата песна од „Пинк флојд“.
tamara

Тодевска во едно интервју за Илиевски кажа:

„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “.

Да потсетиме, Илиевски почина на 6. јули во 2018 година. Имено тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил на булевар во скопски Аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e