(ФОТО) Софија Вергара со жешка фотка го означи стартот на летото

Актерката Софија Вергара често објавува свои стари фотографии на кои најмногу позира во оскудна облека, костими за капење или долна облека.

Така, таа ги воодушеви своите скоро 22 милиони следбеници со нова објава.
„Уште едно класично враќање во 90-тите години, како што доаѓа летото“, напиша таа во објавата покрај фотографијата на која позира во син градник и танга, а во преден план е бујниот задник.

„Леле“, „Секогаш убава“, „Те сакам, ти си мојот идол“, се само некои од скоро две и пол илјади коментари, а фотографијата собра скоро триста илјади лајкови за само еден ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e