(ФОТО) Северина сподели фотографија од Малдивите која ја посвети на својот покоен татко

Северина Којиќ собра 40.0000 лајкови на Инстаграм за само една фотографија.
Северина објави стара фотографија од одмор на Малдивите каде позира во фустан од Матија Вуица. Пејачката покрај фотографијата го спомна и својот покоен татко, а описот и фотографијата предизвикаа вистински ентузијазам.

„Ќерката на Север“, напиша Северина.
Пејачката еднаш во емисијата Амиџиќ изјави дека го добила името по нејзиниот татко Север. Таа потоа додаде дека нејзиниот татко имал тројца браќа на кои им биле дадени имиња од страните на светот – исток, запад и југ. Подоцна, како што рече пејачката, тие ги смениле своите имиња, а нејзиниот татко останал Север до неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e