Освен што ја сакаат нејзината музика и харизма, многумина ја обожаваат хрватската поп-везда Северина и за нејзините хит изјави и бисери на социјалните мрежи, со кои често (ако не зборува за сериозни теми) ги насмевнува своите следбеници. Еден таков „бисер“ е најновата фотографија со која Севе вели „Не влегувај ако не си побогат од газдата“ – што и да значи тоа.
Пејачката позираше во чамецот над кој стоеше овој натпис. Таа во описот на фотографијата напиша „Далматински бисери“, а фотографијата за кратко време собра повеќе од дваесет илјади лајкови.
Некои обожаватели на шега коментираат дека фотографијата наскоро ќе стане вирална и дека ќе биде вклучена во серија вакви фотографии – како онаа кога Северина шеташе покрај монахињите.