(ФОТО) Секси „суперхерој“: Карлеуша во едно поинакво издание

Поп-sвездата Јелена Карлеуша се појави на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во опасно добра комбинација, а сите коментираат дека изгледа исто како суперхеројот Харли Квин.

Карлеуша носеше длабоки чизми од латекс, минијатурно розово здолниште и горен дел, таа пушти еден дел од косата до грбот, а другиот дел го врза во две високи опашки.

Имаше очила за сонце на лицето, а целата комбинација ја зачини со еден детал – ремени околу стомакот. Иако сме навикнати на нејзините провокативни изданија, се чини дека Јелена никогаш не изгледала порелаксирано, но истовремено и стилизирано и секси.

Стајлингот на пејачката воодушеви многумина, и таа изгледа моќно како хероините од јапонските цртани филмови и сега култната Карли Хвин од филмот со Џокер и Бетмен.

Карлеуша доби бројни комплименти, а исто како суперхерој, се чини дека ги покажа своите „тајни моќи“, дека од ден на ден има неисцрпен извор на идеи кога станува збор за стајлингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e