Познатиот канадски музичар Дејвид Фостер неодамна открил дека повторно ќе стане татко и тоа во 71-та година.
Имено, тој шестото дете ќе го добие со петтата сопруга која е речиси двојно помлада од него, Кетрин Мекфи (36).
View this post on Instagram🎼Disney nite Monday 5:30pm pacific time!!! “The Kat and Dave show” quaranstream!!!
Славниот продуцент од претходните бракови веќе има пет ќерки, а интересно е дека од нив пет, дури четири се постари од неговата сегашна сопруга. Најстарата Алисон има 50 години, Ејми има 46, Сара 39, Ерин 38 и најмладата ќерка Џордан е помлада две години од Кетрин.
Сепак, ќерките на популарниот Канаѓанин немаат ништо против оваа романса, дури ја поддржуваат неговата одлука.