(ФОТО) По 14 спонтани абортуси, поранешната мисица роди близнаци

Поранешната Мис на светот, Росана Дејвисон, роди еднојајчани близнаци откако доживеала 14 спонтани абортуси.

36-годишната манекенка и нејзиниот сопруг Весли Квирк сега имаат 3 деца. Претходно парот ја доби ќерката Софија, а близнаците ги добиле имињата Хуго и Оскар.

Росана споделила фотографија со близнаците и сопругот на својот Инстаграм профил.

„Нашите убави и здрави идентични близнаци, Хуго и Оскар, утрово безбедно пристигнаа на свет и нашите срца пукаат од љубов. Токму така, станавме петчлено семејство и сите наши соништа се остварија“, напишала мисицата, заблагодарувајќи им се на вработените во болницата.

Таа претходно откри дека има проблеми со плодноста, а лекарите ѝ рекле дека веројатно никогаш нема да може да има свое бебе поради сомневање за дисфункција на имунолошкиот систем.

Додала и дека лекувањето на плодноста не ѝ успеало и дека никогаш не очекувала да забремени.

„Се изборивме со 14 спонтани абортуси во последните неколку години пред конечно да ја дочекаме Софија со помош на сурогат-мајка. Ми беше кажано дека веројатно никогаш нема да можам да носам сопствено бебе поради дисфункција на имунолошкиот систем, што не успеа да се реши и покрај бројните медицински третмани“, раскажала манекенката.

„Тоа што природно останав бремена и што имаме близнаци е потполно случајно и за нас е апсолутно остварување на сонот“, кажала таа и додала дека смета дека карантинот ѝ помогнал природно да забремени бидејќи повеќе одмарала во рамки на домот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e