(ФОТО) Ова се сите мажи на балканската дива Светлана Ражнатовиќ!

За љубовниот живот на балканската мега ѕвезда Цеца во последно време многу ретко се зборува. Но таа на листата со поранешни љубови покрај опасни момчиња, има и неколку манекени, а некои од нив прочитајте во продолжение.

Еве некои од срца што Цеца ги скрши:

Владан Лукиќ

вла

На почетокот на кариерата беше во врска со фудбалерот и претседателот на ФК Црвена Звезда – Владан Лукиќ. Лукиќ беше првото познато момче на Цеца, но таа врска не траеше долго. Тој своевремено изјави дека се запознале кога имал 18 години, а Цеца само 15 и дека таа за него била само детска игра.

Дејан Марјановиќ – Шабан

Додека биле заедно често биле гледани во белградскиот клуб „Бојан Ступица“, а Марјановиќ во тоа време важел за некрунисан крал на „Звездара“. Во 1994 година беше изрешетан на „Булеварот на револуцујата“ во Белград.

Хајрудин Харо Самарџиќ

Додека живеела во Швајцарија на свои 20 години ја започнала страсната врска со Харо Самарџиќ, естраден менаџер и фудбалер. Со него била во врска 3 години , а нивната романса беше негирана од јавноста заради национализам. Подоцна дури и ја обвинуваше дека заради неа завршил во логор.

Жељко Ражњатовиќ – Аркан

Во текот на нејзинот престој во Европа, додека го разлистувала германското издание на магазинот „Плејбој“, Цеца ја видела фотографијата на Аркан. Тогаш според нејзините зборови го видела „најубавиот човек на светот“. Аркан додека бил во романтична врска со Цеца, сè уште бил во брак со Наталија Мартиновиќ, а тоа веќе му бил втор брак. Се верија во 1995 година, а нивната свадба беше прогласена за „свадба на деценијата“. Цеца со него има две деца Вељко и Анастасија.

Андреј Кујунџиќ
андрек

Пејачката и рели возачот се запознаа преку заеднички пријатели, а нивната љубовна врска започнала за време на снимањето на неговата емисија „Top speed“. Заедно беа три месеци, за веднаш потоа Кујунџиќ да ѝ се врати на сопругата Марина.

Владимир Вуксановиќ

ука

Владо и Цеца никогаш официјално не ја потврдија врската, но се зборуваше дека биле заедно во 2009 година. Таа постојано за медиумите изјавуваше дека тие се само пријатели.

 Владимир Цветковиќ

влади

Манекенот од Нови Сад беше првото момче на Цеца за кого таа по смртта на Аркан призна јавно дека се во врска. Сепак оваа љубов не траеше долго, тие ја раскинаа врската по само 6 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e