(ФОТО) Откриена тајна чувана 27 години: За овој настан од животот на Цеца јавноста не е запознаена

Цеца Ражнатовиќ поголемиот дел од видеоспотовите ги има снимено како филмска приказна. Во тој контекст, особено интересна е приказната што се крие зад снимањето на оној за хитот „Кукавица“.

Во него, главната машка улога му беше доделена на Горан Андрејиќ, кој токму поради оваа песна го добил прекарот Горан Кукавицата, а она што е помалку познато е дека улогата на сопругата што тој ја изневерува со Цеца ѝ припаднала на неговата девојка од вистинскиот живот Татјана, со која се оженил по една година од објавувањето на ова видеоостварување.

Имено, Горан и Татјана се запознале токму на снимањето на спотот на Цеца, се вљубиле и почнале врска, па дури и самата пејачка им била гостинка на свадбата, каде што специјално за нив го отпеала хитот „Кукавица“.

На 7 мај 1994 година се ожени љубовникот на Цеца од ‘Кукавица’ (и тоа со својата жена од ‘Кукавица’, манекенката Татјана), а на свадбата им пееше Цеца. И тоа ‘Кукавица’“, стои во описот на фотографијата од венчавката на Горан и неговата сопруга, а на која се гледа и Цеца.

За жал, по неколку години, двојката се разведе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e