(ФОТО) Ослабе и конечно го покажа партнерот – Адел главна на Инстаграм

Со серија фотографии во стилот на Џеј Ло, поп-дивата Адел ја потврди врската со својот нов партнер, спортскиот агент Рич Пол.

Црно-белата фотографија која пејачката ја објави на својот инстаграм-профил го прикажува парот во елегантно издание.

Фотографијата е направена на свадбата на кошаркарската sвезда Ентони Дејвис во Лос Анџелес.

Британската ѕвезда на себе има црн фустан со бели пуф ракави преку рамената во форма на облак, а носи и големи златно-бисерни обетки. Прославениот спортски агент, кој ги претставува Леброн Џејмс, Бен Симонс и еден куп други познати спортски икони, носи класичен смокинг за настанот.

Пејачката (33) прв пат ја поврзаа со Пол (39) пред два месеца, кога двојката присуствуваше на НБА-финалето на натпреварот во Феникс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e