Фотографија од нашата позната водителка која неодамна се појави на социјалните мрежи ги остави сите без зборови.
Фотографијата е од 1992 година, кога Татјана Стојановска беше прогласена за Мис на Македонија, а она што најмногу ги изненади сите е што водителката за разлика од многу свои колешки кои не би ги препознале на фотографиите од нивната младост, и денес изгледа речиси идентично.
Татјана денес важи за една од најпознатите водителки во Македонија, а заради својот шарм и грациозност ја нарекуваат македонската Моника Белучи. Таа со својата природна убавина ги краси нашите мали екрани веќе со децении, а кариерата ја започна како манекенка.
Во 1992 година ќе ја освои титулата Мис на Македонија, а во септември истата година ќе добие покана од МТВ.