(ФОТО) Најдебелката манекенка проговори: Имам над 90кг и рекламирам долна облека, но сум уморна од разговори

Ешли Греам важи за една од најубавите жени во светот, а со нејзиниот пример ни покажа дека е можно да се разбијат табуа и предрасуди, и со гордост може да каже дека е една од најзаслужните што е сведок на експанзија плус сајз модели во модната индустрија денес.

33-годишната девојка, која минатата година го имаше своето прво дете со сопругот Џастин – синот Исак, со години гласно зборува за самодовербата на жените и прифаќањето на сите нејзини маани и доблести, а неодамна и во интервју за „Гламур„.

Ешли призна дека не било лесно постојано да се соочуваш со одбивање, но дека со текот на времето сфатила дека токму таа има сила да ги смени работите.
“Кога започнав да живеам во Њујорк и сакав да се откажам од моделот каде постојано ми велеа дека не сум доволно добара, се свртев кон мајка ми и и реков дека ќе се вратам во Небраска. Таа ми рече во тоа време да не се предавам само зaтоа што некој би сакал мојот изглед да се променим, а истовремено дека јас можам со мојот изглед да променам нечиј живот. Тогаш не разбирав целосно што сакаше да каже со тоа, но сега знам. Моето тело го смени начинот на размислување на модната индустрија и ме научи дека можам да правам што сакам се додека правам работи што ме прават да се чувствувам добро и што носат позитивни промени “, вели овој модел.

Греам исто така посочува дека светот е полн со луѓе кои веруваат дека не се доволно добри и убави и дека вината ја имаат и совршените, најчесто обработени фотографии на жени на социјалните мрежи. „Многу работи денес имаат врска со трансформацијата во нешто што дефинитивно не сте“, коментира таа.
“Луѓето често ме прашуваат како успевам да пукнам со самодоверба и да го коментирам мојот стил на облекување. Само затоа што носам готов конфекциски број 16 (американска големина). Имам повеќе од 90 килограми и релкамирам долна облека кампањи и тоа не значи дека сакам да водам цело време разговори за тоа што е потребно за да имам толку многу самодоверба. Да се биде голема дебела девојка не значи дека треба постојано да водам вакви разговори За мене е малку шокантно затоа што истите прашања не се поставуваат на потенки жени“, заклучува таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e