(ФОТО) Момчето на Цеца слави роденден, наполни 38 години

Момчето на Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави својот 38 – ми роденден. На поранешниот манекен постојано му пристигнуваа пораки за најубави желби, кои ги споделуваше на својот Инстаграм профил.

„Нека те следи среќа, каде ја има да стане поголемо. Нека Сонцето ти свети силно, да ти се оствари она што ти е важно. Нека здравјето те служи, а љубовта цвета, нека ти се исполни секој сон, ти посакувам среќен роденден“ – гласеше една од честитките.

Оваа година лудата роденденска забава ќе изостане, но не и интимната прослава. Цеца и нејзиниот згоден избраник во одбрано друштво уживаа во градината на еден ресторан во Белград. Помеѓу поканетите беа и членовите на семејството на пејачката, Предраг и Лидија Очокољиќ, Богдана Ражнатовиќ… Иако не сакаше да открие што му подарила на Богдан за роденден, фолк ѕвездата призна дека е среќна и задоволна.

„Не се заколнав дека ќе молчам за мојот емотивен живот, но сите овие години на естрадата видов како тоа оди. Прво ќе дадете делче од својот живот кој подоцна ќе стане дел. Набрзо тој ќе стане најголем дел, а на крајот вашиот живот ќе стане сечиј. Буквално сечиј, само не ваш. Немате влијание на тоа што ќе се пишува ниту за вас ниту за вашиот партнер, што ќе се ископа од вашето или неговото минато, а особено ќе се зборува за тоа колку во приказните ќе има вистина и на крај како сето тоа ќе изгледа кога ќе стигне пред читателите. Секогаш се додава малку сензационализам, се додава по некој дел, бидејќи има новинари на кои вистината им е премногу обична“ – изјави Цеца неодамна за Хелоу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e