(ФОТО) Миа Костова го победи коронавирусот и излезе да прошета уживајќи во есенското сонце

Македонската водителка Миа Костова по 20-дневна изолација поради коронавирусот конечно излезе од дома.

Миа на социјалните мрежи редовно информираше за својата здравствена состојба , па дури и сега преку својот Инстаграм профил информираше дека по добиениот негативен тест таа излегла да се прошета по скопските улици.

„По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава. Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам“, напиша Миа во описот на фотографијата која ја сподели со јавноста на на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e