(ФОТО) Линзи Лохан се вери со момчето – доби дијамантски прстен

Линдзи Лохан не само што се враќа на актерството, туку сега е и свршена.

35-годишната забавувачка се сврши со своето момче Бадер Шамас по две години врска што ја чуваа далеку од очите на јавноста.

Ѕвездата на Mean Girls ја откри во јавност романсата со Шамас кога таа и нејзината сестра Алијана Лохан се дружеа зад сцената со членовите на „Бастиља“ на „Ред-фест ДКСБ“во Дубаи минатиот февруари, а сега соопшти дека нивната врска ја префрлиле на следното ниво.

Покрај низата фотографии со новиот вереник на кои го покажува дијамантскиот прстен, поранешната детска ѕвезда на својот Инстаграм-профил викендов напиша: „Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина. @ Bader.shammas #love“.


Според „Пипл“, тие се заедно речиси две години, иако врската била прилично приватна. По завршувањето на колеџ во Флорида, Шамас се преселил во Дубаи каде што сега е помошник на потпретседател во Credit Suisse. Лохан, исто така, живее во Дубаи во последните неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e