(ФОТО) Лејди Гага со провокативно селфи, ги покажа бујните гради без градник

Американската пејачка, актерка и продуцентка Лејди Гага објави ново селфи на својот Инстаграм профил, а пораката што сакаше да ја испрати е навистина силна.

Имено, таа објави секси фотографија во црна ниска маица, а по тој повод откри бујни гради без градник. Иако сите гледаа во нејзиното деколте, поентата на фотографијата беше да ги повика луѓето да гласаат за новиот претседател на Америка на изборите оваа година.

– Денес е национален ден на газдите, фантастично е да проверите со вашиот шеф кога ќе гласаат, за да го направите вашиот план за гласање, беше напишано во описот на фотографијата.

Познатата пејачка неодамна опиша како се чувствуваше последните месеци и како работењето на албумот „Chromatica“ помогна да се оформи нејзината состојба на умот. Како што истакна, по турнејата „Јоана“ што заврши во 2018 година, таа минуваше низ страшни работи.
– Се будев секој ден сеќавајќи се дека сум Лејди Гага, а потоа ќе станев депресивна … Седев надвор, пушев цигари по цигара со часови и плачев – објаснила Гага.

Пејачката одлучила да започне психотерапија која многу и помогна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e