(ФОТО) Лејди Гага облече венчаница

Леди Гага е фотографирана во венчаница за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи“ во Рим.

Популарната пејачка ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маврицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „гучи“, која помина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 годинa.

Во филмот ќе бидат прикажани и сцени од свадбата Патриција и Маvрицио, а Гага за потребите на сцените носи венчаница.


View this post on Instagram

A post shared by POPSUGAR (@popsugar)

Драмата, во режија на Ридли Скот, моментално се снима на локации во Италија, а фотографиите на Драјвер, Гага и Џаред Лето, кој го игра модниот дизајнер Паоло Гучи, дополнително ги заинтригираа обожавателите кои со нетрпение го очекуваат филмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e