(ФОТО) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер тајно се венчаа

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер легално се венчаа во судница во Санта Барбара, Калифорнија, само еден месец откако одржаа приватна илегална свадбена церемонија во Лас Вегас.

Заљубената двојка, која се вери во октомври 2021 година, си разменила свадбени завети пред мал број гости и приватно обезбедување. Ниту еден од членовите на семејството Кардашијан не присуствуваше, освен бабата на Кортни, Мери Џо Кембел и таткото на Баркер, Ренди. По завршувањето на церемонијата, 42-годишната ријалити ѕвезда и тапанарот заминале со антички црн кабриолет со натпис „Just married“ кој виси на браникот.

За нејзиниот голем ден Кортни носела краток бел фустан со длабоко деколте и традиционален долг превез на главата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e