(ФОТО) Ким Кардашијан во бикини на насловна страница, фановите гневни поради фотошопот

Ким Кардашијан е на новата насловна страница на магазинот Sports Illustrated.

Нејзините фотографии во бикини предизвикаа многу коментари, а реалити ѕвездата повторно се најде на мета поради претераниот фотошоп, кој го коментираа и графичките дизајнери.

Не е тајна дека најпознатата членка на ријалити семејството Ким Кардашијан со години користи фотошоп и ги уредува сите нејзини фотографии пред да ги објави на социјалните мрежи. Уредувањето на тенот, линиите, висината, шминката… се мали трикови зад совршената фотографија на Инстаграм.

Меѓутоа, кога вакво нешто ќе се види на насловната страница на магазинот Sports Illustrated, многумина реагираат негативно.

Ким позираше во беж минијатурен костим за капење, кој за малку ќе се споеше со нејзиниот тен. Покрај бујните форми во преден план, читателите брзо го забележаа и совршено среденото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e