(ФОТО) Ким Кардашијан ја тргна бурмата и е на чекор до развод

Ким Кардашијан одлучи да се разведе од раперот Канје Вест, а нејзината адвокатка во петокот поднесе барање за развод. Двојката веќе се согласи на поделба на имотот и старателството над децата кои им се на прво место. Па така се знае дека Ким ќе го доби старателство, но и дека раперот ќе ги гледа кога сака.

Странските медиуми јавуваат дека Ким била многу љубезена кон Кајне поради неговото здравје, односно поради биполарното пореметување со кое се борел подолго време. Набргу потоа, папараците ја уловија Ким за време на првото излегување во јавноста по официјално поднесените документи за развод, а популарната ријалити sвезда носеше ПВЦ „костум“ – сини панталони и црна јакна изработена од ист материјал со совршена шминка и коса како и секогаш . Бурмата, логично, не беше на повидок, иако раперот сè уште ја носи.

Многумина се согласуваат дека Ким никогаш не изгледала подобро, додека Канје изгледа малку тажно. Наводно, раперот се надевал до самиот крај дека ќе се случи чудо и Ким нема да бара развод, но тоа не се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e