(ФОТО) Кајли Миног и во шестата деценија ги воодушевува фановите со своите провокативни фотографии

Пејачката Кајли Миног често споделува информации од секојдневниот живот со оние што ја следат, а ги има повеќе од два милиони.

Таа објави фотографија на која седи во кратка зелено кадифена наметка, која, како што напишаа обожавателите, може да биде како сако, но сите беа изненадени затоа што не носеше ништо под наметката.

Во секој случај, таа фасцинираше многумина со својот фантастичен изглед и тело, иако беше во шестата деценија.

„Изгледа дека старееш наназад“, и напиша еден обожавател, а другиот се согласи и продолжи:

– Секој ден станувате поубави. Вие сте најсексапилната личност на планетата.

Кајли објави нов албум „Диско“ на почетокот на ноември, кој се најде на првото место на топ листите. Има причина за славење затоа што нејзините албуми беа на врвот на музичките листи во Велика Британија во текот на пет различни децении, па затоа и влезе во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e