(ФОТО) Кајли Џенер во бикини позира на луксузна јахта

Кајли Џенер на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографии на коишто позира на луксузна јахта во бикини. За кратко време таа добила голем број лајкови.

Но, под фотографијата покрај коментарите за нејзиниот изглед и бикини, имало и онакви на кои ѕвездата веројатно не се надевала.

Следбениците одлучиле да ја потсетат Кајли за конфликтите во Палестина.

„Моли се за Палестина“, „Луѓето умираат“, „Бела Хадид е твоја пријателка, погледни што прави таа, а ти се соблекуваш“, биле само дел од коментарите кои ѝ ги упатиле луѓето, потсетувајќи ја на американската манекенка која протестираше носејќи палестинска марама.

Имало и такви коментари кои не биле толку строги:


View this post on Instagram

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

„Имаш пријатели од Палестина. Ова се прекрасни фотографии и драго ми е што уживаш. Но, ти си деловна жена и имаш огромна платформа со која можеш да влијаеш. Можеш ли барем нешто да кажеш за Палестина?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e