(ФОТО) Хурем разбушавена и без грам шминка на себе, фановите изненадени

Германската актерка по потекло од Турција, Мерием Узерли (37), која се прослави со улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“, ги изненади обожавателите со својот изглед.

Иако многу светски sвезди не објавуваат често фотографии на социјалните мрежи на кои не се средени, тоа не е случај и со Мерием.

Хурем на својот Инстаграм профил објави фотографија која предизвика лавина реакции. Многумина го пофалија нејзиниот природен изглед, и коментираа дека сјае откако се породи по втор пат.

Актерката позираше без трошка шминка и разбушавена, но и покрај тоа, ги воодушеви своите придружници, па затоа комплиментите за нејзиниот изглед само доаѓаа.

“Што и се случи по породувањето? Никогаш не изгледаше подобро”, “Конечно изгледа среќно”, “Првата ќерка ја врати во живот, а по втората блеска”, “Хјурем се врати! Темните денови конечно се зад неа “, се дел од коментарите.

Иако Мерием имаше тежок период зад себе сепак среќата ја најде во своите ќерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e