(ФОТО) Хајди Клум во секси издание демонстрира социјална дистанца

Некогашниот топ модел Хајли Клум (46) и понатаму е во изолација со својот сопруг Том, но очигледно дека фризурата не може да чека, па фризерот го повикала во својот дом.

Хајди секојдневно ‘се грижи’ за своите фанови, па често ги радува со поставување на сексапилни фотографии, но овојпат ги воодушевила сите.

Станува збор за фотографија која што настанала во нејзиниот раскошен двор, додека нејзиниот личен фризер ја средува ѝ ја средува фризурата.

Но, жешката манекенка ја искористила таа можност, па се пофалила со своето згодно тело. За време на средувањето на косата таа седела во секси долна облека, мрежести хулахопки и високи потпетици.

„Душо, најдовме начин. Шатирање со социјална дистанца“ – напишала Хајди, која заедно со фризерот кој што носи заштитна маска на лицето позирала.

Таа исто така била активна и на стори на социјалната мрежа Инстаграм, додека траел целиот тој процес, па и таму објавила неколку фотографии.

Да ве потсетиме, Хајди на 1-ви јуни ќе наполни 47 години, а во брак е со 17 години помладиот Том од 2019-та година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e