(ФОТО) Георгина и Роналдо уживаат во нивниот луксузен авион

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо и Георгина Родригез уживаат во својата романса и живеат живот за каков што многумина можат само да сонуваат.

Аргентинската манекенка на Инстаграм споделила дел од нивното луксузно секојдневие, а нејзината објава собрала повеќе од 2,5 милиони лајкови.

Имено, Георгина и најдобриот фудбалер на светот уживаат во луксузниот приватен авион на Роналдо, а на љубителите на модата и на модните експерти в очи им паднала чантата „Хермес Биркин“ што ја носела манекенката.

Станува збор за престижна чанта по која трендсетерките лудуваат, но ретко кој може да си ја дозволи со оглед на вртоглавата цена од 18.000 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e