(ФОТО) Џиџи Хадид стана мајка: Нашето девојче ни се придружи овој викенд и подготвена е да го промени нашиот свет

Манекенката Џиџи Хадид и музичарот Зејн Малик станаа родители, а вестите ги споделија на социјалните мрежи.

Викендов, 25-годишниот модел и 27-годишниот пејач го добија нивното прво дете, а сега официјално ги потврдија новостите.

Зејн на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која ја држи раката на новородената ќерка.

„Нашето девојче е овде, здраво и убаво. Да се обидам да опишам како се чувствувам сега би било невозможна задача. Љубовта што ја чувствувам за ова мало човече е над моето разбирање. Благодарен сум што ја знам, горд сум што можам да ја наречам моја и благодарен сум за животот што ќе го имаме заедно“, стои во описот на фотографијата.

Но и Џиџи објави исто така се пофали со црно-бела фотографија на која се гледаат дланките на Зејн и нивната ќеркичка.


View this post on Instagram

Our girl joined us earth-side this weekend and she’s already changed our world. So in love🥺💕

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

„Нашето девојче ни се придружи овој викенд и подготвена е да го промени нашиот свет. Колку сум вљубена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e