(ФОТО) Џиџи Хадид блесна на насловната на „Vogue“

Згодната манекенка Џиџи Хадид неодамна стана мајка на своето прво дете. Сепак на славната убавица не ѝ било потребно многу време за да се врати на своите работни обврски.

Џиџи Хадид не започна да шета по модните писти, но само десет седмици по породувањето блесна на насловната страна на американското издание на модниот магазин „Vogue“.

Насловните страници од тоа списание секогаш привлекуваат големо внимание, а Хадид изјавила дека воопшто не се оптоварува со подготовки и обиди да ги изгуби килограмите кои што ги добила во текот на својата бременост.


View this post on Instagram

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

„Знам дека не сум толку слаба колку што бев, но многу сум реална“, изјавила 25-годишната Џиџи.

„Одлучив да се согласам за снимањето иако знам дека не можам да облечам ништо што е со големина 0. Во овој момент воопшто не чувствувам дека треба да биде така“, додала таа.

Таа исто така изјавила дека е добро што во модната индустрија сè повеќе се промовира „различноста“ на жените.

Младата мајка раскажала и дека не размислува премногу за враќањето на својата работа.

Таа моментално ужива во својот опуштен живот на имотот во Пенсилванија, САД каде што ја роди и својата ќеркичка поради тоа што не сакала да оди да се породува во болница заради пандемијата на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e