Атрактивната латино дива Џенифер Лопез оваа година наполни 51 година, но по се она што гледаме со сигурност можеме да кажеме дека изгледа речиси двојно помладо. Таа постојано вежба и ја одржува својата фигура, секако тука е и генетиката, будејќи нејзината мајка исто така изгледа двојно помладо иако има 75 години, но сепак можеби најголема улога играат стилстите.
Деновиве, стилистот Крис Аплтон кој покрај Џеј Ло, се грижи и за изгледот на Ким Кардашијан и Дуа Липа, на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која Џенифер Лопез позира со нова фризура.
Имено, познатата пејачка се одлучила за шишки, и повторно ставила долги екстензии. Таа секогаш изгледа неверојатно, но ваквиот изглед ја прави уште помладолико. По се изгледа дека најдобрите стилисти ги знаат сите трикови за убавина, па не е ни чудо што светски познатите ѕвезди изгледаат, онака како што изгледаат… совршено.
Фотографијата веднаш собра скоро 50.000 лајкови на неговиот профил, а фановите напишаа бројни комплименти.