(ФОТО) Дуа Липа ќе ги краси насловните страници на две познати списанија

Една од најпопуларните светски поп пејачки, Дуа Липа, ќе го краси февруарското издание на две големи списанија – британскиот „Vogue“ и „Rolling Stone“.

25-годишата пејачка во 2020 година го претстави албумот „Future Nostalgia“ кој веќе е номиниран за Греми награда. Дуа во интервјуата за „Vogue“ и „Rolling Stone“ зборувала за изминатата година, соработките, успесите и идните планови.


View this post on Instagram

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Освен тоа, поп ѕвездата прозборувала и за врската со Анвар Хадид, за своите почетоци и се присетила на периодот кога работела како келнерка во еден лондонски ресторан.

Липа го прокоментирала и фактот што јавноста ја прозва бидејќи на својот Инстаграм профил споделувала видеа во кои фрла банкноти по танчерки во стриптиз клубови. Таа објаснила дека феминизмот подразбира поддршка на сите жени, односно да не се бираат само оние чии професии нѝ одговараат.

Целото интервју на Дуа Липа за магазинот „Rolling Stone“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e