(ФОТО) Дамиано Давид како од мајка роден, позираше потполно гол

Италијанскиот пејач Дамиано Давид, кој ги полуде своите обожаватели ширум светот по победата на Евровизија со групата „Måneskin“ постојано ги поместува границите на нивните очекувања.

Имено, сега повторно ги „фрли“ своите обожаватели во транс откако сподели фотографија на која позира потполно гол, криејќи ги интимните делови со кошаркарска топка.

Фотографијата е објавена на официјалниот инстаграм – профил на фронтменот на групата, а за кратко време собра повеќе од 1,400,000 „лајкови“ и низа коментари.

„Одеднаш ме заинтересирав за спорт“, „Сакам да бидам твоја топка“, „Жежок“, беа само дел од бројните коментари на фановите кои „полудеа“ по Дамиано по објавата на овие фотографии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e