(ФОТО) Цеца посакува прегратка, чоколадо и 6 милиони долари?

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ честопати известува пред своите следбеници на социјалните мрежи за најинтересните настани од нејзиниот живот, но и размислувања кои секогаш привлекуваат големо внимание.

Денес, на Инстаграм профилот на Ражнатовиќ се најде интересен цитат. Имено, Цеца сподели слика на која е напишан следниот текст:

– Понекогаш сакам само некој да ме прегрне и да ми рече: Знам дека е тешко, сè ќе биде добро. Еве чоколадо и 6 милиони долари – стои на фотографијата со која Цеца додаде емотикони со подигнат палец и еден што плаче од смеа, алудираjќи дека се согласува со напишаното.

Да потсетиме, пред неколку месеци беше откриена врската на Цеца со менаџерот на еден белградски локал Богдан Срејовиќ, по што оттогаш Ражнатовиќ не го напушти фокусот на интерес.
c

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e