(ФОТО) Бујни гради и минијатурно бикини: Кајли Џенер во жешко новогодишно издание

Кајли Џенер 2020 ја испрати во најжешкото издание, „собра“ 19.000.000 лајкови за 2 слики

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер го запали интернетот со нови фотографии во бикини, на кои ги стави своите бујни гради во преден план.

Имено, ријалити sвездата и инфлуенсер моментално престојува во Аспен, Колорадо, и покрај толку многу снег, таа размислува и за неодамнешното потопло време и фотографијата во Лос Анџелес што ја направи непосредно пред патувањето на планините.

23-годишната девојка скокна во базенот во беж минијатурен бикини што едвај ги покриваше нејзините огромни гради, додека носеше очила за сонце со беж рамка на главата. Таа носеше златен ѓердан околу вратот, додека на ушите имаше златни обетки и нараквица од истиот материјал околу раката.

– Јас влијаам на 2021 година – напиша таа во описот на фотографијата.

Таа собра неверојатни 19 милиони лајкови на две провокативни фотографии, додека на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 206 милиони следбеници.


View this post on Instagram

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e