(ФОТО) Били Ајлиш фановите ја обвинија дека глуми дека е лезбијка

Пејачката Били Ејлиш уште еднаш ги налути и разочара обожавателите, поради што изгуби илјадници следбеници на својот профил на Инстаграм.

Имено, пејачката неодамна објави видео запис за песната Lost Cause во која танцува, тверка и скока на кревет со пријателките во деколтирани маици и шорцеви, а обожавателите ја обвинија дека користела статус на ЛГБТ + за да го промовира својот спот.

Били додаде масло на огнот и објави фотографија на која позира со девојките на видеото.

„Сакам девојки“, напишала таа под објавата и илјадници напишале во коментарите дека Били конечно се прогласи за член на ЛГБТ + заедницата.


Но, неколку дена подоцна, таа била снимена со 30-годишниот Метју, со кого наводно е во врска, а фановите беа бесни.

„Ја враќам целата облека со нејзиниот лик, не можам да верувам каква личност е“, „Ова не е Били каква што ја познаваме“, „Премногу се промени“, се само некои од негативните коментари .

Пејачката потоа објави селфи под кое рекла дека е уморна.

„И ние сме Били“, „Уморни сме и од вашата тишина“, „Зборувај со мене“, „Те сакам, но можеш подобро“, „Само замисли колку сме уморни“, се само некои од коментарите под објавата што собра над 11.000 лајкови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e