(ФОТО) Беше првата старлета на Југославија: Го заведе Ал Пачино и позираше за Плејбој,

Дијана Беќировиќ, некогаш млада девојка од малото село Лукавац кај Тузла, стана светска ѕвезда откако направи интервјуа со двајца папи, познати спортисти и политичари. Таа успеа да го заведе Ал Пачино, а ниту Горан Бреговиќ не ѝ одолеа.

Дијана Беќировиќ ги мамеше и погледите на многу мажи, позирајќи за списанијата дотогаш резервирани главно за голи американски девојки.

Својата манекенска кариера ја започна на 14 години, а во текот на осумдесеттите години во поранешна Југославија важеше за секс-бомба.. Оваа Босанка тогаш направи завидна меѓународна кариера работејќи како новинар.

Колку била успешна во новинарството, сведочи и фактот дека папата Јован Павле Втори трипати ѝ дал интервју, исто како и Бенедикт Шеснаесетти, додека тој сè уште бил кардинал. Ќе остане запаметена како новинарката која го направи последното интервју со славниот возач на Формула 1, Аиртон Сена.

На 1 мај 1994 година, славниот Бразилец со брзина од 300 километри на час удри во ѕидот на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола, а Дијана разговарала со него за животот и смртта два дена претходно.

-Го прашав зошто се крсти пред да влезе во автомобилот и дали знае што значи тоа. Многу луѓе не знаат зошто се крстат. Сена го имаше најдобриот одговор затоа што тоа го истражувал, не беше површно. Другите прашања беа: „Што мислите кога возите 300 милји на час?“ и „Дали верувате во живот после смртта?” На ова се задржавме најмноу.

Тој имаше голема мисија во светот. Мислам дека неговата смрт ја разбуди совеста кај луѓето. Беше многу чувствителен- се присетува таа за време на едно интервју.


Познатиот актер Арнолд Шварценегер отворено ѝ се додворувал, а ја обвинувале и за распадот на „Бјело дугме“.

-Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бјело дугме“. Тој се заљуби во мене, но одеднаш се појави и Горан Бреговиќ. А кога Горан сакаше нешто, тој тоа и го добиваше. И тука започна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. А, дали Горан ме украде од Владо? Па, да! – откри таа во една прилика.

Пред неколку години, Дијана ја промовираше книгата „Дијана“, во која ги опиша деталите од нејзиниот љубовен живот и дружењето со многу познати личности.

Во книгата таа потсети дека Ники Лауда се „тепал“ за неа, папата Бенедикт Шеснаесетти ја возел на „веспа“, Род Стјуарт и Кевин Костнер ѝ се додворувале и дека разговарала со папата Павле Втори иако била„ пијана и брзала“ .

Дијана денес има 59 години и веќе подолго време живее во Лос Анџелес.

Едно време, таа се соблече за списанието „Старт“, како и за славниот „Плејбој“, а за неа се вели дека е првата југословенска старлета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e