(ФОТО) Анџелина Џоли е во врска со 23 години постариот колега и пријател на Бред Пит?

45-годишната Анџелина Џоли наводно започнала романса со 68-годишниот колега Мики Рурк, пренесува магазинот „New Idea“.

Холивудската актерка, според пишувањата на споменатиот таблоид била забележана како се бакнува со 23 години постариот актер.

Џоли наводно сака да му се одмазди на Бред Пит кој неодамна ја одведе, сега веќе поранешната девојка Никол Потуралски, во дворецот во Франција во кој со Анџелина го изговори судбоносното „да“.
Andzelina Dzoli„Со оглед на тоа дека е постар од неа и според мислењето на многумина, е изобличен поради бројните естетски зафати, тој не ѝ е прв избор на Анџелина. Но, бидејќи повеќето актери од нејзината генерација се оженети или во врска, таа мораше да продолжи понатаму“, вели анонимен извор близок до актерката.

Изворот додал и дека Анџелина сакала да започне врска за да му се одмазди на Пит и дека не планира ништо сериозно со Мики Рурк.

„Иако Рурк не е нејзин тип на маж, смета дека тој е вистинската личност за нејзините одмазднички планови кон Пит“, рекол изворот и потсетил дека Бред и Мики се долгогодишни пријатели и дека оваа вест сигурно ќе го погоди холивудскиот заводник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e