(ФОТО) Ана Ивановиќ без грам шминка на себе, фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед

Некогашната српска тенисерка и освојувачка на Ролан Гарос ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Инстаграм со својата најнова фотографија.

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (33) отсекогаш важела за една од најубавите спортистки и може да се пофали со својот беспрекорен тен.

Ана ужива во семејниот живот со сопругот, поранешен германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и синовите Лука и Леон.

Сега поранешната тенисерка на својот Инстаграм профил сподели момент од уживање додека го пие кафето и тоа – без грам шминка на своето лице.

„Најдобар начин да го започнете денот“, напишала Ана во описот од фотографијата.

Нејзините следбеници со причина биле воодушевени од нејзиниот природен изглед, па поради тоа добила премногу коментари и пофалби за својата убавина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e