(ФОТО) Актерката која за себе вели дека е „бомба со големи гради“ ги истакна облините во минијатурно бикини

Шарлот Ен Мекини стана светска сензација откако во 2017-та година се појави во „Baywatch“, филмската адаптација на популарната ТВ серија „Чувари на плажа“, а овие денови ја оправдала титулата ‘кралица на плажата’ и во реалниот живот.

Убавата манекенка и актерка, која за себе самоуверено вели дека е ‘бомба со големи гради’, на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои гордо позира на плажата во Мајами, покажувајќи ги облините во минијатурно бикини.

Нема кој не се завртел по сексапилната русокоса, која во ѕвездената орбита лансирала реклама за бургери која премиерно се прикажала за време на „Супер Боул XLIX“ во 2015-та година.

Шарлот Ен, американските медиуми веднаш ја нарекле наследничка на успешната манекенка Кејт Аптон, бидејќи сличноста е повеќе и од очигледна.

Инаку, Мекини на 17 години се откажала од средно образование и се посветила на манекенството. Немала премногу среќа со агентите, па воглавно се потпирала на Инстаграм.

Денес на оваа социјална мрежа ја следат повеќе од милион следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e